Трагична судбина на првата петорка на светот: Сестрите Дион израснале во излог и никогаш не закрепнале од траумата

Во  триесеттите  години на минатиот век близнаците биле вистинско  чудо, посебно доколку  би  го преживеале породувањето. Но, раѓањето на пет идентичи девојчиња и тоа два месеци пред време било  случување кое светот  никогаш не го видел.Анет, Сесил, Ивон, Мари и  Емили Дион родени се на 28-ми  мај 1934 година во близина на селото Корбеј, недалеку од Сверниот залив во Онтарио, во Канада. Бебињата на свет ги  донел доктор Алан Рој Дафо. Благодарение на жените кои  донирале мајчино млеко и  сестрите од канадскиот Црвен крст девојчињата се регистрирани како  прва петорка  на светот кои  го преживеале породувањето. Поради овој, тогаш феномен, станале вистинска сензација.
Но, како  што  растеле, работите не се одвивале добро за нив.
Девојчињата привлекле внимание  од владата додека имале само 4 месеци. Иако се уште само бебиња, канадската влада ги  земала бебеињата од  родителите со образложение  за тие да не ги искористат. И  покрај тоа што имале добро  здравје, ги  сместиле во специјално изградена болница, која личела на забавен парк и која била отворена за туристи. Тоа место исто така било познато како  „Квинтленд.“
Така девојчињата станале најголема туристичка атракција во  земјата и  изложени во  јавноста се до својата девета година.

Во  болница биле под надзор, а грижата за нив ја воделе армија од сестри и  доктори кои  врз нив спроведувале разни научни истражувања. Тие воделе белешки за физичките сличности и разлики  во личностите. Сесил, една од седтите рекла  во една прилика дека зборот „доктор“ го научила пред зборот „мама“.
Во  периодот од 1934 до 1943 година повеќе од три милиони луѓе го посетиле „Квинтленд“, во северен Онтарио. Девојчињата  можеле да бидат видени три пати на ден низ едносмерен екран. Понекогаш, девојчињата  биле изведувани  надвор, исто  ги облекувале и  ги  запознавале со посетителите. Цела серија кукли биле направени  според нив, низ писмата од обожавателите целиот свет  бил информиран за нивниот раст и развој, а сликите од нивните одмори  биле објавувани  во  весниците ширум светот. Се смета дека владата и локалните претприемачи  искористувајќи ги  девојчињата заработиле профит од скоро половина милијарди  долари. Тие никогаш не виделе ниту  цент од парите кои  биле заработени  на таков начин.

 
После девет години и  грчевита борба за старателство, петорката била вратена на семејството. Но повторната средба во  ноември 1943 година не била успешна. Девојчињата се дистанцорале од родителите кога можеле. Живееле  со  семејството  до 18-та година, а потоа прекинале секаков контакт со  нив. Воопшто немале пријатели и  знаеле многу  малку  за светот надвор од болницата.
Подоцна напишале книга за своето растење во која ги  обвиниле своите родители за вербално сексуално и друг вид на физичко насилство.

Владата на Онтарио пормално им се извинила на сестрите поради својата улога  во  нивното одвојување од семејството. Во  март 1998 година  владата соопштила дека ќе им исплати  на трите  преживеани сестри четири  милиони  долари кко  компензација за девет  години поминати  во  излог како  скспонат во тематскиот туристички парк. Во  декември 2014 , само  две сестри и  понатаму биле живи, Анет и Сесил. Емили, која станала калуѓерка, починала во 1954 од последици од мозочен удар. Мери починала во 1970 година поради крвно згрутчување, а Ивон починала во 2001 година.

Сестрите Дион живееле трагично. Многумина никогаш не закрепнале од менталната траума  предизвикана од  годините минати зад стаклен ѕид- како  експонат за милиони  набљудувачи.Анет, Сесил, Ивон, Мари и  Емили Дион родени се на 28-ми  мај 1934 година во близина на селото Корбеј, недалеку од Сверниот залив во Онта

Пронајдете не на следниве мрежи: