Триесет и осум години бил затворен во ментална институција, по грешка!

Oткако по грешка му била дијагнозирано ментално пореметување еден човек со Туретов синдром поминал 38 години во ментална институција во Германија Иронијата е во тоа што без разлика на фактот дека бил затворен скоро 40 години, тој сега не сака да си оди од болницата бидејќи е неспособен за самостоен живот.
Германскиот Фокус пишува дека овој човек бил затворен на 18 годишна возраст, а денес има 56 години. Тогаш му била дадена погрешна дијагноза и бил категоризиран како опасност на околината.
Тој бил пратен во клиниката Ворстин каде после повеќе од 30 години било востановено дека имал Туретов синдром, со кој со соодветни лекови би можел да живее самостојно.
Овозможена му била компензација за направената грешка, меѓутоа животот во менталната институција го онеспособил толку многу, така што тој одлучил да го помине остатокот од животот таму.
Докторите кои ја водат менталната институтција Ворстин изјавиле: „Ова е трагично. Никогаш не требал да заврши овде, а сега кога може да си оди, тој веќе не е во состојба“. Докторите го опишале неговиот случај како единствен.
Целата неправда која му била направена на овој човек не е јасна, со оглед на тоа што болницата го држи неговиот здравствен картон заклучен. Дури и неговиот адвокат не добил пристап до овие информации.
Кога адвокатот го посетил во болницата, човекот бил во очајна состојба. Бил неизмиен и потполно запуштен.
 Извор: Денешен Иронијата е во тоа што без разлика на фактот дека бил затворен скоро 40 години, тој сега не сака да си оди од болницата бидејќи е неспособен

Пронајдете не на следниве мрежи: