Турците порачаа: Да кажеме сите НЕ за бинационална Македонија, ДА за единствена, мултиетничка, заедничка Македонија

И Македонско-турското здружение „Мустафа Кемал Ататурк“ од Битола со поддршка за граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.Претседателот на здружението Кемал Мемиш пред насобраните граѓани пред Собранието изјави дека сите националности во Македонија ги уживаат истите права и дека нема потреба да се бара повеќе
-Добро вечер браќа и сестри Македонци, Турци, Бошњаци, Роми, Власи, Албанци, какви се не има меѓу сите нас, вечерва сум тука, дојдов од Битола да ја поддржам оваа иницијатива и да кажеме сите не за бинационална Македонија, да за единствена, мултиетничка заедничка Македонија, можам да кажам слободно вечерва дека Турците, како и другите етнички заедници во Република Македонија  ги имаат сите права. Имаме претставници во општинските совети, имаме претставници во владата, во Парламентот, имаме наши здруженија, медиуми на Турски јазик, а тоа го имаат и сите други етнички заедници, мислам дека тоа што го имаме ние го имаат и тие кои што бараат нешто повеќе, не верувам дека ќе го добијат, кажа Шенол Мемиш.
Мемиш се осврна и на пријателството меѓу Македонија и Турција и кажа дека му е мило што претседателот Иванов испратил писмо до претседателот на Турција Ердоган.
-Вие знаете дека Република Турција е пријател на Македонија, имаме потпишано и договор за стратешко партнерство. Јас го поздравувам фактот што претседателот Ѓорге Иванов испрати писмо до претседателот Ердоган, се надевам дека македонскиот народ  и Република Македонија ќе ја имаат поддршката  од Република Турција, за унитарна, мултиетничка, мултинационална, а не и бинационална, вели Мемиш.
Тој смета дека двојазичноста и двојазичните пари нема да го подобрат животот на Албанците, туку она што ќе подобри се новите работни места.
-Јас сум сигурен дека нашите пријатели и браќа Албанци, многу повеќе би сакале нови работни места, би сакале подобро здравство, подобро образование, отколку на пример двојазична банкнота, што ако има двојазична банкнота, а тие немаат како да ја заработат, ако нема работни места, значи банкнотата си е добра каква што е, ние се разбираме со вас на Македонски јазик, мислам дека и сите така треба да се разбираме и во наредниот период. Во општините каде што има 20 проценти турско население, се зборува Турскиот јазик и тоа не е проблем, исто како што се зборува Албанскиот јазик или Ромскиот, во општините каде што има над 20 проценти население. Значи ние веќе ги имаме имплементирано нашите јазици во законодавството на Република Македонија и сметам дека тоа како што е во моментов е доволно и треба така да остане. Нема потреба од правење на други експерименти, кои што би завршиле лошо, а посебно ако тие некои експерименти се спремани во други држави, изјави Мемиш.Претседателот на здружението Кемал Мемиш пред насобраните граѓани пред Собранието изјави дека сите националности во Македонија ги уживаат истите пр

Пронајдете не на следниве мрежи: