Улогата на Гоце Делчев како задграничен претставник на МРО во Софија

Во периодот 1894-1903 год. во Бугарија се смениле неколку влади. Во овој период се смениле три гарнитури на Задгранични претставници. Најголем резултат постигнала првата гарнитура (Гоце Делчев и Ѓорче Петров) чиј мандат траел 5 годиниВо февруари 1896 год. Гоце имал средба со претставници на ВМК во Софија, со цел да се променат ставовите на ВМК.
Во периодот 1894-1903 год. во Бугарија се смениле неколку влади. Во овој период се смениле три гарнитури на Задгранични претставници. Најголем резултат постигнала првата гарнитура (Гоце Делчев и Ѓорче Петров) чиј мандат траел 5 години. Задграничното претставништво започнало да функционира во втората половина на декември 1896 год. со доаѓањето на Гоце Делчев во во Софија.
Гоце бил Задграничен претставник неполни 5 години (декември 1896-26.10. 1901). Тој се ангажирал за обезбедување на организацијата со материјални средства, оружје, муниција и литература. На негово инсистирање ЦК на ТМОРО во март 1897 год. донело одлука за проширување на Задграничното претставништво со уште еден член Ѓорче Петров.Нивниот мандат минал низ три етапи. Првата етапа го опфаќа периодот од нивното доаѓање во Бугарија до 1899 год. Втората започнува сo 
формирањето на ВМК на Сарафов (мај 1899 год.) а третата по Солунската провала 1901 год. „Црните работи“ ги вршел Гоце, а дипломатијата ја водел Ѓорче.
Во ноември 1896 год. бил одржан III конгрес на македонските друштва во Бугарија. Било реизбрано старото раководство на ВМК на чело со генералот Данаил Николаев. Во март 1897 год. Николаев се повлекол од функцијата поради тоа што станал аѓутант на бугарскиот кнез Фердинанд а неговото место го завземал Јосиф Ковачев.
Гоце контактирал со офицерите од 1895 год. кои по расцепот се нашле надвор од ВМК. Го продлабочил односот со Наум Туфекчиев од кого продолжил да набавува револвери и бомби. Бил близок со браќата Иванови, познати лиферанти на оружје. Делчев со нив договорил бесплатно земање на пушки во вид на подарок. Браќата Иванови за мала сума откупиле од владата 112.000 кримки со 50.000.000 патрони. Ѓорче побарал 5-9.000 пушки за потребите на ТМОРО. Рачо Петров, министер за одбрана на Бугарија му ветил на Даме Груев 2000 мартинки за ТМОРО. Гоце заедно со Ѓорче добиле бесплатно над 4000 кримки со одобрение на бугарската влада и од браќата Иванови, но без патрони. Кога раководството на ТМОРО реагирало, бугарскиот министер за одбрана им одговорил “не сме луди, да ви дадеме фишеци“. Најголем дел од овие пушки биле префрлени во Скопскиот, Штипскиот и Струмичкиот округ а дел биле пронајдени за време на Виничката провала.
Гоце и Ѓорче ја насетиле српско-бугарската спогодба од февруари 1897 год, со која било договорено поделба на Македонија на свери на влијанија. Од овие причини бугарската влада се обидела да го отстрани Ѓорче Петров, нудејќи му го новоотвореното бугарско трговско агентство во Солун. Кога тоа не им успеало бил направен обид за раздор меѓу него и Гоце Делчев.
Од 15  до 27 јуни 1897 год. бил свикан IV конгрес на македонските друштва во Бугарија.На конгресот Гоце бил избран за член на ВМК. Во писмото до Јосиф Ковачев Гоце го известил дека не го прифаќа изборот. Неговото место било пополнето со резервниот член на ВМК Коста Шахов. Тогаш на чело на ВМК застанал Христо Станишев. Иако Гоце одбил да стане член на ВМК, контактите меѓу ВМК и ТМОРО продолжиле. Задграничните претставници Гоце Делчев и Ѓорче Петров зеле учество на заседанието на ВМК од 13.02. 1898 год. Тие претставиле сопствен проект за регулирање на односите. ВМК го прифатил проектот и одлучил неговото санкционирање да го изврши ЦК на ТМОРО. Комитетот на Станишев неколу пати пуштил пари за Задграничните претставници. Била постигната извесна согласност, но ниту едната ниту другата страна на биле задоволни.
Во јули 1898 год. се одржал V конгрес на македонските друштва во Бугарија. Пред одржувањето на  овој конгрес Гоце испратил писмо до Никола Зографов во кое му кажал дека ТМОРО нема да земе активно учество на конгресот, но ќе ја подржи листата на Станишев. За претседател на ВМК бил избран Александар Радев. И овој комитет не ги оправдал очекувањата поради разногласијата на неговите членови.
По Виничката провала бугарската влада се обидела да го контролира Задграничното претставништво на ТМОРО. Така започнале обиди на владата на Константин Стоилов за контакти со ТМОРО. ЦК на ТМОРО по убедување на Димитар Ризов примил 500 наполеона од бугарската влада. Конфликтот се продлабочил по изјавата на Стоилов за апсење на Гоце Делчев и Ѓорче Петров. ЦК му се заканил на Стоилов дека ако се случи такво нешто тоа ке биде на негова одговорност. При крајот на владеењето на Стоилов кнезот Фердинанд почнал да шири гласини во јавноста за наводна средба со Гоце и Ѓорче, но тие ги отфрлиле овие гласини.
Во почетокот на 1899 год, била формирана нова бугарска влада на чело со Васил Радославов, со што се создала поволна клима за соработка со
ТМОРО. Гоце и Ѓорче преминале на реализација на идејата за избор на нов состав на ВМК. Гоце се движел во социјалистичките кругови. Во 1898 год, се здружил со Михаил Герџиков, претставник на Женевската група.
Гоце Делчев и Ѓорче Петров одиграле главна улога во рушењето на тогашниот состав на ВМК. Ѓорче го одбрал Борис Сарафов за претседател во што имал удел и Гоце, кој се знаел со Сарафов од училишните клупи.
Во мај 1899 год, бил одржан VI конгрес на македонските друштва во Бугарија. Претседател на ВМК станал Борис Сарафов, потпретседател Тома Давидов, секретар Славчо Ковачев, благајник Георги Петров а советници Антон Бозуков и д-р Владимир Шопов.
На 13 јуни 1899 год, ВМК и Ерменската револуционерна организација издале заедничка декларација во која истакнале дека не ги признаваат решенијата на мировната конференција во Хаг и дека ке продолжат со борбата за слобода. Гоце и Ѓорче  решиле да присуствуваат на седниците на ВМК. Разединувањата меѓу ТМОРО и ВМК започнале уште во првиот мандат на Сарафовиот ВМК.  Најпрвин Гоце се судрил со поручникот Антон Бозуков член-советник на ВМК при заедничка летна обиколка во 1899 год, на Мелничко и Демирхисарско. Посериозен обид за наметнување на ВМК над ТМОРО се случил во септември 1899 год, кога дошло до растурање на     „Бугарското Тајно Револуционерно Братство“ на чело со Иван Гарванов и негово вклучување во редовите на ТМОРО при што Сарафовиот ВМК одиграл посредничка улога.
ВМК пред Гоце и Ѓорче ја лансирал идејата двајца офицери на ВМК да влезат во ЦК на ТМОРО. Во мај 1900 год, била склучена нова спогодба меѓу двете страни позната како „Мајски протокол“ од 1900 год. Со овој протокол се предвидувало да се предложи на ЦК на  ТМОРО во својот состав да стави двајца членови во кои ВМК има целосна доверба и со тоа ВМК би станал клон на ЦК. ЦК требало да има главна улога во ослободителното дело.
Во летото 1900 год, бил одржан VII конгрес на македонските друштва во Бугарија во присуство на Гоце Делчев и Ѓорче Петров. ВМК добил ново 
име Врховен Македонско-Одрински Комитет (ВМОК). Конгресот исто така го прифатил предлогот за зголемување на патриотскиот долг од 300.000 на 1000.000 лева и му дал нов мандат Сарафовиот комитет.
Материјалната благосостојба и снабденоста со оружје ги зголемиле амбициите на Сарафов. Тој сакал да го превземе раководството на ТМОРО. ВМК организирал школа за обучување на луѓе кои ке се испраќаат во внатрешноста.
ВМОК со знаење на ЗП ги помагал анархистичките групи за нивните дејности во Солун и Цариград. ЦК на ТМОРО во согласност со Мајскиот протокол решил да прими само еден офицер по предлог на Гоце и Ѓорче. Тие се одлучиле за капетанот Димитар Вендиков, но по размислување капетанот се откажал. Во декември 1900 год, во Солун ВМК го испратил Софрониј Стојанов. Тој се претставувал под лажно име Хаџи Асенов.  Со Мајскиот протокол Задграничните претставници се откажале од приватно комуницирање со ЦК на ТМОРО а писмата требало да ги испраќа секретарот на ВМК Славчо Ковачев, претходно парафирани од Ѓорче Петров. Меѓутоа Ѓорче со знаење на Гоце продолжил да ги информира членовите на ЦК. Едно писмо паднало во рацете на Александар Кипров, повереник на Сарафов. Тоа било причина за прекинување на односите со ВМК кон крајот на 1900 год, На 23 јануари 1901 год, се случила Солунската провала. Таа се случила кога тројца членови на ТМОРО Милан Михајлов, Александар Ников и Кочо Георгиев вечерале во една грчка гостилница, и притоа разговарале на висок тон па така биле слушнати од сопственикот на гостилницата. Наскоро тие биле уапсени. Кај нив биле пронајдени оружје у доверливи документи. Ноќта на 25.01.1901 год, полицијата ги уапсила Христо Матов и Пере Тошев. Нешто подоцна бил уапсен и Христо Татарчев.Последен од членовите на ЦК што останал на слобода бил Иван Хаџи Николов. Чекајќи и тој да биде приведен, ги повикал Иван Гарванов и Спас Мартинов при што им го соопштил начинот за врска со внатрешноста 
и ВМК. Така Хаџи Николов во овие моменти ја предал Организацијата на поранешните идејни противници. Во моментот кога Хаџи Николов ја предал архивата на ЦК во рацете на Гарванов, го задолжил Спас Мартинов да напише едно писмо до ЗП во кое пишувало „држете ја вие од таму здраво работата“. ВМК на Сарафов во тој момент сакал да ја искористи ситуацијата и да го постави прашањето за офицерите во ЦК. Кога Сарафов почнал да мавта со полномоштвата Гоце изјавил дека не ги признава решенијата на Солунскиот комитет издадени минута пред апсењето.
Во своето писмо од 4 март 1901 год, Гоце го известил Горноџумајскиот комитет дека ТМОРО ги прекинал врските со ВМК. По Солунската провала престанал да дејствува тогашниот ЦК а ингеренциите ги превземало ЗП. Кон средината на март 1901 год, Гоце и Ѓорче испратиле окружно до раководните кадри на окружните, околиските и селските комитети како и до началниците на четите во кое се велело дека најголем престап би било подигање не неподготвено востание.
Била предвидена мерка привремена децентрализација со која надлежностите на ЦК на ТМОРО биле префрлени на окружните комитети. Исто така било предвидено разоружување на сите чети кои ќе влезат во Македонија без потпис Марко-Ахил. Кон крајот на март 1901 год, било одржано советување во хотелот „Батемберг“ во Софија. На него присуствувале Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Михаил Герџиков, Ризо Ризов, адвокатот Стрезов, д-р Руменов и др. На него постоеле различни концепции. Д-р Руменов предлагал да се искористат средствата на бугарската влада. Гоце се спротивставил на ова. Средбата завршила без никакви решенија. Во март 1901 год, дошло до расцеп во ВМК меѓу Борис Сарафов и Иван Цончев. Гоце и Ѓорче биле само набљудувачи во целиот процес. Сакале да го искористат судирот за своја листа.
Вонредниот VIII конгрес на македонските друштва во Бугарија се одржал во првата декада на април 1901 год, Гоце Делчев ја претставувал ТМОРО и од страна на Димитар Ризов бил предложен за нов претседател на 
ВМОК. Гоце изјавил дека целта на организацијата не е да им даде оружје на луѓето туку да го разбие нивниот ропски дух.
Непосредно по завршувањето на конгресот Ѓорче Петров се пријавил во VII та полициска станица, при што бил затворен и испратен во Трново. По ова главниот товар на раководењето со организацијата паднал врз Гоце Делчев. На 16 мај 1901 год, била потпишана Мајската спогодба со ВМК од една, Гоце Делчев, Владимир Руменов и Михаил Герџиков од друга и генерал Иван Цончев и потполковник Стефан Николов од трета страна. На ТМОРО  и бил признаен независниот карактер. Меѓутоа било предвидено во составот на ЦК на ТМОРО да влезат 2-3 ца офицери, воени специјалисти со исти права како другите членови на ЦК, во сите револуционерни реони да се назначат по еден резервен офицер со исти права како и другите членови на револуционерните тела, како и потврда дека магацините со воен материјал на бугарската територија се сопственост на ВМК. Од друга страна ТМОРО стекнала право да испрати сопствени делегати во составот на ВМК со исти права како и останатите членови, како и дека сите погранични пунктови и канали на бугарска територија се сопственост на ТМОРО.
IX от конгрес на македонските друштва во Бугарија се одржал во летото 1901 год, ВМК бил превземен од страна на генерал Иван Цончев. Иван Цончев не размислувал за Мајската спогодба, туку за укинување на ЗП, обвинувајќи ги Гоце и Ѓорче дека нивната цел била да сеат раздор и да ги трошат средствата на ВМК, како и да се издигнат во трета организација која ќе раководи со другите две.
Мандатот на Гоце Делчев и Ѓорче Петров завршил во октомври 1901 год. Со полномоштво на ЦК на ТМОРО на 6 октомври 1901 год, нови Задгранични претставници станале Туше Делеиванов и Димитар Стефанов. Оваа гарнитура се задржала до ноември 1902 год. Таа била под влијание на Гоце Делчев. Односите меѓу ТМОРО и ВМК се заостриле по аферата Мис-Стон, кога Гоце Делчев бил во внатрешноста во Македонија. 
По завршувањето на обиколката низ Македонија Гоце пристигнал во Софија. Во август 1901 год, Борис Сарафов се обидел повторно да се здружи со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Им понудил терористички да се пресметаат со Иван Цончев. Гоце го одбил предлогот на Сарафов. На 25  февруари 1902 год, Сарафов им испратил писмо на Туше Делеиванов и Димитар Стефанов во кое барал да иницираат средба со Гоце Делчев и Ѓорче Петров во Женева. Ова писмо се нашло во рацете на Гоце, но не се знае дали го удостоил со одговор. Во април 1902 год, Гоце заедно со Задграничните претставници присуствувал на пловдивскиот собир на одринските револуционери. Во јуни 1902 год, во името на ЦК на ТМОРО  било испратено окружно во најзагрозените области: Малешевско, Горноџумајско и Петричко во кое се инсистирало на бојкот на врховистичката акција за скорешно востание. Циркуларот го напишал Ѓорче Петров а го потпишале Гоце Делчев и Ѓорче Петров.
Во летото 1902 год, се одржал X от конгрес на Македонските друштва во Бугарија. Гоце Делчев се здружил со делегати блиски до ТМОРО како Никола Наумов, Тома Карајовов идр. Приврзаниците на Цончев не дозволиле на конгресот да учествуваат опозициските делегати, и заради тоа Гоце Делчев се обидел да зборува на конгресот. Гоце испратил писмо кое  Никола Наумов се обидел да го прочита но не му било дозволено. На конгресот дошло до расцеп во ВМК, при што се формирал дисидентски ВМК на чело со Христо Станишев. Овој комитет бил близок до Гоце Делчев.
Солунската провала во 1901 год, го довела Иван Гарванов на чело на ЦК на ТМОРО. Гоце и Даме го признале Гарванов во ЦК со надеж дека на тој начин ке го одделат од врховистите. Кон крајот на летото 1901 год. Иван Гарванов издејствувал промена на составот на ЗП на ТМОРО  прифаќајки ја сугестијата на Гоце Делчев нови Задгранични Претставници да станат Туше Делеиванов и Димитар Стефанов. Тие биле назначени на 6 ти октомври 1901 год.
 
Продожува…..
Н.СаздовскиВо февруари 1896 год. Гоце имал средба со претставници на ВМК во Софија, со цел да се променат ставовите на ВМК.

Пронајдете не на следниве мрежи: