Уривање на бесправно изградениот склад на „Пелагонија“

Започна уривањето на складот на компанијата во стечај ГП „Пелагонија“ во населбата Кисела Вода на булевар„ Борис Трајковски“. Според деталниот урбанистички план на Кисела Вода реон Ј, четврт Ј13 овој објект е бесправно изграден објект и денеска беше спроведено решението за негово уривање.Со полициски надзор екипите на градежната фирма „Анизор“ и од општина Кисела Вода го започнаа расчистувањето на магацините кои веќе повеќе години беа празни и напуштени.
Со денешниот настан заврши деветгодишната голгота на семејството Тасеви на кои со законот за денеционализација ова земјиште им беше вратено на 20.09.2007 година.
Околу 7000 квадратни метри земјиште е вратено на сопственичката Божана Тасева,а од денеска ќе биде достапно за најзините 4 внуци.
Атина Диновска, една од наследничките на имотот изрази огромна благодарност до Владата на Р. Македонија и општина Кисела Вода заради спроведување на деталниот урбанистички план каде што е предвидено градба на станбени и индивидуални објекти за домување.
– За сите нас ова еден голем ден. Бидејќи после долгогодишната голгота конечно правдата излегува на виделина и еве денеска сме во владение на земјиштето кое ни е наследство од нашите баби и дедовци. Имотот првично беше околу 7000 квадратни метри . Еден дел ни е даден со обврзници и друг дел имаме преку од страната на Расадник, рече сопственичката Диновска.
Игор Николски од општина Кисела Вода истакна дека денеска го спроведуваат решението за бесправен изграден објект .
-По барање на сопствениците на земјиштето кои го стекнале во постапка со денационализација и за реализација на деталниот урбанистички план реон Ј, четврт Ј13, општина Кисела Вода го спроведува решението за бесправен изграден објект, рече Николоски.
Деталниот урбанистички план за реон Ј, четврт Ј13 е изработен согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, Правилникот за поблиска содржина, размер и начин на графичка обработка на урбанистички планови, Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година, велат од општина Кисела Вода во одговорот на прашањето дали се донесени ДУП-овите за земјиштето на улица  Борис Трајковски, на кое се наоѓаат хангарите на фирмата Пелагонија.
-Истиот треба да овозможи уредување на просторот и унапредување на урбаната структура, економска и стопанска атрактивност кои ќе донесат развој на овој дел од градот кој досега беше запуштен и секако,  подобри услови за сите граѓани кои живеат тука. За бесправно изградените објекти на фирмата Пелагонија е поднесено барање за легализација кое е одбиено од причина што објектите кои имаат намена Г (производство, дистрибуција и сервиси) согласно намената пропишана со ДУП, се во зона која има намена А (Домување). Согласно Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање намената Г не е компатибилна со намената А, односно објекти со намена Г не можат да бидат вклопени во зона за која е пропишана намена А.  Исто така, објектите се наоѓаат на земјиште кое е во приватна сопственост. Од овие причини барањето за легализација е одбиено и објектите не можат да бидат вклопени во идните плански документации, велат од општина Кисела Вода.
Инаку, во овие хангари, како што објавуваа медиумите се чува јахтата Ада, која наликува на онаа на која потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со семејството уживаше на грчките плажи. Хангарите во кои беа сместени јахтите  во скопската населба Кисела Вода на булеварот „Борис Трајковски“ се во сопственост на „Пелагонија“. Газда на оваа фирма е семејството Пановски, со чија ќерка во исклучително блиски релации е токму Радмила Шекеринска.Со полициски надзор екипите на градежната фирма „Анизор“ и од општина Кисела Вода го започнаа расчистувањето на магацините кои веќе пов

Пронајдете не на следниве мрежи: