Утре ќе има ЗАТЕМНУВАЊЕ на Сонцето во знакот на Риби. Еве што значи тоа!

Затемнувањето на Сонцето ќе започне во хороскопскиот знак Риби во 1.19 часот. Во 2016 година, ќе има две сончеви и три Месечни еклипси. Првото целосно затемнување од оваа листа ќе биде на 9 март 2016 година.Но, тоа нема да може да се забележи од територијата на Македонија, бидејќи тогаш над нашите географски широчини ќе биде ноќ.
Од гледна точка на астрологијата, Рибите симболизираат секој да може да го почувствува во себе божественото присуство и ќе му дадат можност на секој човек да го допре до своето длабоко „Јас“. 
За таа цел е потребно само да се разбуди интуицијата и потсвеста кај поединецот.
Рибите се еден од најтаинствените хороскопски знаци. Знакот Риби се наоѓа под управа на планетата Нептун, која е одговорна за интуиција, уметноста, верските чувства и тајните. Во знакот Риби затемнувањето носи многу емоционален карактер. Овој знак внесува елемент на хаотичност, мистерија, нејасност и неопределеност, а во исто време се поврзува со емоциите и со здравјето.
Во ова време може да го промените начинот на живот, да ги коригирате штетните навики и лошата исхрана.
Влијанието на затемнувањето најсилно врз себе ќе го почувствуваат претставниците на знаците – Риби, Близнаци, Стрелци и Девици.
За нив е препорачливо да поставуваат пред себе нови цели и да градат планови за нивно остварување. За да може бранот на оваа моќна вселенска енергија да ги постави работите во ваша корист, потребни ви се трпение и работливост.

Пронајдете не на следниве мрежи: