Весна Бејби раскажа како се спасила од пожарот

На македонскиот празник 11 Октомври се запали куќата на познатата Весна Петрушевска – Бејби. Додека пожарникарие го гаснеа големиот пожар кој ја зафати куќата на Весна Бејби таа за Вест раскажа што се случило и како се спасила. 
“Битно сите се спасивме и сме добро. Има само материјална штета, но таа се поправа”, рече Бејби, која, заедно со родителите, чекаше во дворот додека пожарникарите го гасеа огнот.
Благоја Менковски, командант на Скопската противпожарна бригада, изјави дека пожарот зафатил поголем дел од куќата на родителите на Весна Бејби, но огнот не се проширил на куќата на Бејби, која се наоѓа веднаш до нивната. 
“Колегите ме информираа дека семејството само се обидело да го изгаси пожарот, но кога увидело дека не може, нe повика нас. Ние веднаш излеговме и го локализиравме пожарот, во кој беа зафатени покривната конструкција, потпокривот, дел од приземјето. Ја извадивме и водата од приземјето и ситуацијата сега е под контрола. За секој случај, има дежурни пожарникари. Ние ја завршивме нашата работа, а од СВР Скопје ќе треба да ја кажат причината за избувнувањето на пожарот”, рече Менковски.

Од по­ли­ци­ја потврдија де­ка е причинета са­мо ма­те­ри­јал­на ште­та, а при­чи­ни­те за из­був­ну­ва­њето на по­жа­рот до­пр­ва ќе се ут­вр­ду­ва­ат.По­мош за се­мејс­тво­то Пет­ру­шев­ски по­ну­ди гра­до­на­чал­нич­ка­та на Ки­се­ла Во­да, Бил­ја­на Бе­ли­ча­нец-Алек­сиќ, ко­ја вче­ра, за­ед­но со чле­но­ви на оп­штин­ски­от со­вет и ад­ми­нис­тра­ци­ја­та, го по­се­ти во опо­жа­ре­ни­от дом.Бе­ли­ча­нец нај­а­ви ед­нок­рат­на па­рич­на по­мош за се­мејс­тво­то, ка­ко и ед­нок­рат­на фи­нан­си­ска по­мош од Со­ве­тот на Ки­се­ла Во­да.Кол­ку па­ри ќе до­ни­ра­ат, ќе од­лу­чат от­ка­ко ќе се нап­ра­ви увид во ште­та­та.
“За рас­чис­ту­ва­ње и за са­ни­ра­ње на ште­ти­те, на рас­по­ла­га­ње на се­мејс­тво­то ќе би­дат и се­зон­ски­те ра­бот­ни­ци и ме­ха­ни­за­ци­ја­та на Оп­шти­на­та”, из­ја­ви­ја од Ки­се­ла Во­да.Петрушевски ги посети и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.Додека пожарникарие го гаснеа големиот пожар кој ја зафати куќата на Весна Бејби таа за Вест раскажа што се случило и како се спасила. 

Пронајдете не на следниве мрежи: