Вистинита приказна од која ќе ви смрзне крвта: Дури на крајот ќе научите важна животна лекција!

Вистинита приказна од која ќе ви смрзне крвта во вените, а која праќа моќна порака. Најбитно од сѐ е што ќе ве натера да ги испитате своите пријателски односи со луѓето.Во средниот век постоела жена во Индија која како домашен миленик имала питон, змија што многу ја сакала.
Нејзината змија од 4 метри одеднаш едноставно престанала да јаде. По неколку недели и мачни обиди во кои газдарицата на сите начини се обидела да ја нахрани змијата, ја однела на ветеринар.
– Дали вашата змија спие со вас во ист кревет, ве обвива, или легнува многу блиску и се издолжува цела? – прашал ветеринарот откако ја ислушал жената.
Жената изненадено одговорила:
– Да! Да! Тоа го прави секојдневно и тоа ме прави многу тажна бидејќи гледам дека нешто бара од мене, а не можам да ѝ помогнам.
– Госпоѓо, вашиот питон не е болен, тој се подготвува да ве изеде. Тој секој пат, обвивајќи ве, издолжувајќи се до вас, ја проверува големината на вашето тело. Тој не јаде, не затоа што не е гладен, само остава простор пред нападот за да може да ве голтне и да има доволно место да ве свари. – ѝ објаснил ветеринарот.
Која е поуката од оваа приказна?
Мораш да ги препознаеш „змиите“ околу себе и нивната вистинска намера. Само затоа што некој е во ваша близина и често ве прегрнува, не значи дека неговите намери се добри.

Пронајдете не на следниве мрежи: