„Зелениот ѕид“ во Африка го спречува ширењето на пустината, но и приливот на мигранти

Проектот за изградба на ѕид од стебла во Африка, би требало да го запре ширењето на пустината и да обезбеди храна, работни места, како и да им понуди на младите луѓе наместо миграција и екстремизам, да изберат подобар живот.Големиот зелен ѕид, со должина од 7000 километри, замислен е како појас од вегетација кој би се протегал од Сенегал во Западна Африка, до Џибути во Источна Африка, а конципиран е така што треба да го сопре ширењето на песокот од Сахара, а со тоа и пустината, како и да обнови 50 милиони хектари земја.
Обединетите нации предупредуваат дека 60 милиони Африканци би можеле да бидат приморани да ги напуштат своите домови во наредните пет години поради процесот кој нивната земја ја претвора во пустина, а до 2025 година две третини од обработливата земја би можел да исчезне поради експанзија на пустината.
Доколку се остварат таквите катастрофални сценарија, младите луѓе од Африка би можеле да бираат дали ќе станат дел од екстремистичките групи како што е Боко Харам или да се обидат да избегаат преку Средоземјето во Европа во потрага по работа и преживување, истакнува Камила Нордхајм-Ларсен од Конвенцијата за борба против дезертификација на ОН.
„Недостатокот на шанси и просперитет ги тера младите да бегаат“ – предупредува таа.
Проектот за пошумување го претстави нигерискиот претседател во 2005 година, а оттогаш добил четири милијарди долари поддршка од ОН. Исто така, беше најавена помош од Светска банка и Франција.
Засадени се околу 15 отсто од ѕидот, главно во Сенегал, а селата во државите како што се Буркина Фасо, Мали и Нигер, исто така напредуваат во садењето на вегетацијата која се користи во медицината и во прехранбената индустрија.Големиот зелен ѕид, со должина од 7000 километри, замислен е како појас од вегетација кој би се протегал од Сенегал во Западна Африка, до Џибути во

Пронајдете не на следниве мрежи: