Земјата била ПОСТРАШНА ОД ХОРОР ФИЛМ: Печурки со висина од 7 метри, две Месечини…

Од „Осмиот патник“ до „Аватар“, световите во хорор и научно-фантастичните филмови се крајно бизарни, а уште почудовишни се суштествата коишто ги населуваат. Но, Земјата исто така била бизарна.Вистинскиот свет каков што денес го познаваме, само кратко изгледал така. Низ својата историја, нашиот дом бил повонземјански од оној што го создале сценаристите.
1. Пред дрвјата, на Земјата растеле шуми од печурки
Кога би се вратиле на Земјата пред нешто повеќе од 400 милиони години, би се чувствувале како Супер Марио – светот би бил прекриен со печурки повисоки од седум метри.
Фосилите на таквите печурки за прв пат беа ископани во 1859 година во Канада, но набрзо почнале да се појавуваат во целиот свет. Сите мислеле дека станува збор за стебла, но во 2007 година било потврдено дека станува збор за печурки. Во тоа време, животните на копното биле главно микроби и црви. Откако растенијата „научиле“ како самостојно да стојат, почнале да го потиснуваат овој близок сродник.
2. Двометарски бубачки (во вечно горечки свет)
Доколку би сакале да се вратите во времето на карбонот, би било добро да понесете пламенофрлач и цијанид секако (кога ќе го истрошите плинот во пламенофрлачот).
Порад експлозијата на растителниот свет (од која денес го искористуваме јагленот), концентрацијата на кислородот била и до 15% поголема. Денешното ниво на кислород од 20%, значи дека врескаме и скокаме на маса кога ќе здогледаме бубачка од 10 см.
Бубачките во карбонот би ја однеле и вашата маса. Поради поголемото ниво на кислород, скорпиите биле со големина на куче (се мисли на мастиф), стоногалките лесно би можеле да ги помешате со анаконди, а вилинските коњчиња со голема леснотија би можеле да изедат албатрос.
Втората последица од високата концентрација на кислород биле шумските пожари. Била доволна една молња за да се запали цела шума, а со оглед на тоа дека растенијата биле во изобилство, шумите гореле и гореле… Експертите претпоставуваат дека небото постојано било замаглено поради чадот. Сега, замислете од таквото небо да излетаат двометарски вилински коњчиња…
3. Виолетова планета
Кога би поминале низ црвја дупка и би се вратиле 3 милијарди години наназад, Земјата би ви изгледала интересно. Растенијата денес се зелени поради хлорофилот. Но, првите растенија користеле ретинал, кој бил виолетов. Се претпоставува дека првите растенија (притоа, се мисли на едноставните организми) биле до толку распространети, што целата планета била виолетова.

4. Две Месечини
Месечината има две лица – едното е постојано свртено кон Земјата. Но, темната страна е драстично поразлична. Кората е подебела, а површината е поразновидна.
Една од теориите како е можно едно небесно тело да е толку различно во внатрешноста, е дека всушност некогаш постоеле две небесни тела. Тие цели 80 милиони години летале околу Земјата, сѐ додека не се „бакнале“ поради гравитацијата. Поточно, поголемата Месечина ја „гушнала“ помалата.
5. Железен дожд
Дури и во периодот кога астероидите (како што е оној којшто допринел за изумирањето на диносаурусите), секојдневно паѓале на Земјата, животот некако успеал да опстане. Но, постојаните удари пред 4 милијарди години, биле до толку силни што металите ги претворале во плинови кои подоцна до тој степен би се оладиле, па би паѓале како дожд од железо, жива, злато…
6. Црвено море
Пред  2,7 милијарди години се појавиле цијанобактериите коишто почнале да испуштаат кислород. Но, не во атмосферата, бидејќи железото во морињата би го „собрало“ кислородот, би се создала `рѓа и би паднала на дното од водената површина. Тој процес траел барем 400 милиони години. Дури подоцна почнала да расте концентрацијата на кислород во атмосферата.
7. Марсовците ја „колонизирале“ Земјата
Пред повеќе од милијарда години, Марс бил погостопримливо место од Земјата. Атмосферата на Марс била богата со кислород (карпите се црвени поради `рѓата). И додека кислородот на Земјата го создале растенијата, долго по појавувањето на животот на Марс веќе постоеле два елементи кои се клучни за ризосомите (односно, животот каков што го познаваме денес) – бор и молибден. Тие метали на Земјата биле многу ретки.
Но, Марс со тек на време ја загубил атмосферата (бидејќи е лесен), а некоја комета го пренела „семето“ на животот на Земјата.Вистинскиот свет каков што денес го познаваме, само кратко изгледал така. Низ својата историја, нашиот дом бил повонземјански од оној што го создал

Пронајдете не на следниве мрежи: