Зголемен бројот на пријавени до ДИК за регулирање на избирачкото право

Државната изборна комисија (ДИК) ги интензивира активностите со кои ги повикува да се пријават во нејзините канцеларии или на веб-страницата граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список. Од денеска на списокот со спорните записи стои и причината за тоа зошто граѓаните се нашле на него.До 19-ти овој месец граѓаните можат да се пријават до ДИК за да го регулираат своето избирачко право, а до 30 август се очекува Комисијата да излезе со детален извештај за тоа колку лица се пријавиле и колку не го сториле тоа и како да се постапува понатаму и за да можат политичките партии да направат проценка за тоа дали има услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 11 декември.
Претседателот на Комисија Александар Чичаковски на средба со новинарите истакна дека проверката на 39.502 граѓани со спорни записи е решение на политичките партии изгласано од Собранието. Според него, кај сите членови на ДИК има воља доследно да се спроведе решението за сите да имаат доверба во Избирачкиот список и да се спроведат кредибилни избори.
Околу 18.000 лица се нашле на овој список бидејќи ги немало во други бази во периодот од 2009 до 2015 освен во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), и евентуално во базата на Управата за водење на матични книги, каде се до 2012/2013 година книгите се воделе рачно. Кај другите лица околу 21.000, како што посочи Чичаковски, има несовпаѓање со адресните податоци.
Освен оваа „мини активна регистрација“, како што кажа, втората можност за пријавување, односно регулирање на избирачкото право би била за време на јавниот увид пред предвремените парламентарни избори.
До сите граѓани кои се на овој список, ДИК испратила писма на адресата со која се појавуваат во записите. Писмата се стасани во текот на вчерашниот ден, по што, според Чичаковски, до Комисијата имало зголемен број јавувања.
Бројот на пријавени, според последните податоци од Комисијата, вчера се зголемил тројно.
– Според последните податоци до денеска до пладне до ДИК се пријавиле вкупно 1.560 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. Од нив, 522 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 1.038 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК, изјави за медиумите Љупка Гугуческа, портпарол на Комисијата.
Најголем број пријавени има во општините Чаир, Тетово, Центар, Аеродром, Кичево и Гостивар.
На дополнителна верификација ќе подлежат податоците на граѓаните кои до ДИК се пријавиле електронски.
Јавниот повик е објавен на веб-страната на ДИК, а вчера започна и медиумската кампања, видео и радио спотови. Билборди и флаери се истакнати на јавни места. Сите материјали се на македонски и јазиците на етничките заедници во земјата. Политичките партии исто така се активни се терен и ги повикуваат граѓаните да си го регулираат избирачкото право.
Комисијата ги повлекла решенијата за одмор на сите вработени кои се распоредени во сите 190 подрачни одделенија и канцеларии на ДИК.
Граѓаните, особено јавните личности, да дадат позитивна порака до своите сограѓани, повика претседателот на ДИК, и да се пријават и да го регулираат избирачкото право и да го помогнат процесот. Предупреди дека исто така има граѓани кои не ги почитуваат своите обврски за пријавување на промената на адресата или дека се иселиле од државата, поради што се јавиле како спорни при вкрстувањето. Во МВР само 79.000 се пријавиле дека се иселиле од државата иако знаеме дека тој број е поголем, вели тој.
Комисијата ги презела фотографиите од гласачите од базата на МВР и тие постепено стануваат дел од Избирачкиот список, што ќе се користи за предвремените парламентарни избори. Дополнително ќе следува едукација на избирачкиот одбори. Фотографиите, според Чичаковски, можат да превенираат евентуални злоупотреби при гласањето.
Најави дека од септември ДИК треба да го преземе водењето на Избирачкиот список, за што е изработена посебна апликација.
Во однос на можниот датум на одржување на предвремените парламентарни избори, Чичаковски смета дека секогаш е предизвик одржување избори во зима или на лето.
Во регистарот на државјани, според него, има околу 2.400 000 граѓани, околу 1.950 000 се полнолетни, од нив 150.000 немаат валидни лични карти, а 8.000 немаат адресен податок и затоа не можат да бидат распоредени во Избирачкиот список.
Планирано е во иднина ДИК да направи анализа за користење на отпечатоци од прсти во изборниот процес, што би можело да се аплицира на следните редовни избори.До 19-ти овој месец граѓаните можат да се пријават до ДИК за да го регулираат своето избирачко право, а до 30 август се очекува Комисијата да излез

Пронајдете не на следниве мрежи: