Зошто мачките предат? Некој од причините ќе ве изненадат!

На сите веќе добро ни е познато дека мачките предат кога се задоволни, безбедни, но еволуцијата ни носи и некои нови докази и прдобивки од предењето.Според тврдењата на научниците мачките еволуирале во ремек дела на природата.
За пример гребењето по дрво или некоја дрвена подлога, научниците го објаснуваат дека на тој начин мачките покажуваат одредени конфликтни чувства, а истовремено ги одржуваат и своите канџи.
Мустаќите и помагаат во исто време да го чувствува струењето на воздухот и ветерот, го истакнува своето расположение , и и помагаат во ориентација во просторот. Додека пак предењето кај штотуку родените мачиња, на пример е од животинско значење и буквално им помага во преживувањето, така што предењето им ја подобрува општата здравствена состојба, а воедно на тој начин комуницираат и со своите родители.
Постојат повеќе теории околу анатомијата на предењето на мачката. Една од теориите е дека предењето настанува  како комбинација на активностите и на мускулите на грлото и дијафрагмините мускули кои делумно ги предизвикуваат мозочните импулси. Оваа теорија е основана како доказ за тоа дека кога на мачката и е воспалено грлото не може да преде. Друга теорија вели дека најголемиот “виновник” поради што мачките предат е т.н. ” јазична коска” , која е сместена во задниот дел на черепот, веднаш зад вратот или грлото. Третата теорија , пак, тврди дека предењето е директно поврзано со централниот нервен систем.

 

Примарно предење
Предењето е витана функција за преживување на штотуку родените мачиња. Бидејќи тие се раѓаат слепи и глуви, единствено нешто што штотуку родените мачиња чувствуваат се вибрациите кои им ги испраќа нивната мајка со предењето. Тие ја чувствуваат топлината на телото  од присуството на нивната мајка, која ги води до мајчиното млеко. На мајчиното предење одговараат малите мачиња одговарајќи со предење, со што ги запознаваат своите браќа и сестри.  Мачињата почнуваат да предат од вториот ден на раѓање, но предењето исто така покажува дека се задоволни и спокојни.  Мајката исто така одговара со предење што покажува дека и таа е спокојна и задоволна.
Постои уште една многу важна функција во предењето на новородените мачиња. И мајките мачки предат за време кога нивните млади се породуваат. Наместо да испуштаат болни крикови, додека ги раѓаат мачињата, тие предат. Болните крици веројатно би привлекле одредена опасност, што може да биде погубно и за мајката и за нејзините мачиња во моментот кога мачката е посебно ранлива и кога не е во можност да ги одбрани малите. Со предењето во својот организам го зголемуваат лачењето на ендорфин , што уште повеќе ја намалува болката претрпена за време на породувањето.
Сите имаат корист од предењето
Мчките родители со предењето добиваат одговор дека нивните мачиња се згрижени и безбедни. Додека овие мали машини за предење во скутот на нивните сопственици кои ги милуваат од една страна го подигаат расположението и го спуштаат крвниот притисок. Повеќето мачки брзо сфаќаат каква се корист може да се има од предењето.  Или добиваат храна или скапоцено внимание од нивните сопственици . Возрасните мачки обично предат кога сакаат внимание од своите сопственици или пак храна.
Моќта на лечење со предењето
Некои мачки предат и кога се под стрес, некои кога се на маки или болни. Некои мачки предат и непосредно пред да умрат, што значи дека на светот доаѓаат и си одат предејќи. Што  всушност предењето го прави толку специфично што предизвикува љубопитност, не само кај  сопственикот на мачката, туку и кај научниците?

 
 
Истражувањата покажале дека предењето кај мачките се  емитува на фреквенција од 25-100 херци (Hz) . Овие фреквенции , како што е докажано , се користат во хуманата медицина кај  третманот на ултразвучно лечење на коските и воспаление на мускулите. Клиничките тестови кај луѓето кај кои  било применето ултразвучно лечење покажало дека емитувањето на ниски фреквенции со слаб интензитет го забрзуваат лечењето на скршеници и фрактура. Врз основа на овие тестови се изведени докази дека предењето на мачката кај луѓето предизвикува умирување на воспалените делови од телото, и ја намалува болката. Др. Лесли Лион, генетичар и професор на Универзитетот на Мисури во Одделот за ветеринарна медицина , тврди дека со ” терапијата ” на мачките, која главно се базира на принципот додека луѓето ги милуваат во својот  скут , а одговорот што го добиваме од мачката обично е во форма на задоволство , мачките не трошат екстра енергија или додека емитувааат вакви  магични вибрации нешто особеноне се заморуваат.
– Мачките се  експерти во зачувување и складирање на енергија во телото, особено за време на секојдневната дремка и излежување. Единствена лоша работа која може да ви се случи е да ја размазите вашата сакана мачка, па ќе мора да ја милувате , а и тогаш кога нема да ви биде до тоа, објаснува експертот.
Не предат само мачките
 Можеби не знаевте но мачките не се единствените животни кои предат. Предат и горилата, зајаците, лемурите, слоновите и хиените, но мачките се единствени од животинските видови кои тоа го прават додека дишат. Треба да се напомене дека не  предат сите животни од мачкин род.  Ова е случај со лавовите, тигрите и леопардите . Додека пумите и кугуарите се  пример на големи мачки кои ги емитуваат овие магични вибрации. Според тврдењата на научниците мачките еволуирале во ремек дела на природата.
За пример гребењето по дрво или некоја дрвена подлога, научни

Пронајдете не на следниве мрежи: