Зошто се менува бојата на очите на бебињата

Бојата на очите е наследна и зависи од бојата на очите на родителите, на бабите и дедовците. Бебињата од белата раса најчесто се раѓаат со сини или сиви очи, а бебињата на останатите раси скоро секогаш, уште од раѓањето имаат темни очи. Важен фактор кој ја одредува бојата на очите е меланинот – пигмент кој ја одредува бојата на нашата кожа, коса и очи и кој реагира на сончевата светлост. Поради тоа потемнува бојата на кожата, а може да влијае и на промената на бојата на очите кај бебињата.
Важна улога на меланинот
Луѓето кои не произведуваат многу од овој пигмент имаат сини или сиви очи, оние кои го произведуваат нешто повеќе – зелени, додека оние кои го произведуваат најмногу имаат смеѓи очи.

По раѓањето на бебето, без обѕир на генетиката, произведуваат малку меланин па затоа повеќето имаат сино – сиви очи. Колку бебето е се повеќе изложено на светлост, расте и производството на меланин, па бојата на очите ќе почне да се менува се до конечната и тоа се до шестиот месец од животот.
Бојата на очите може да се промени, иако ретко и нешто подоцна, до третата година, но тие промени се помали и секогаш од посветла се менуваат во потемна. Кај многу мала бројка на луѓе бојата на очите може да се промени во одраснатата доба. Важен фактор кој ја одредува бојата на очите е меланинот – пигмент кој ја одредува бојата на нашата кожа, коса и очи и кој реагира на сончева

Пронајдете не на следниве мрежи: