Зошто венчалниот прстен се носи на прстот помеѓу средниот и малиот прст?

Сигурно барем во некој момент од животот сте се запрашале зошто баш тој прст е одбран како соодветен за венчалниот прстен. Оваа кинеска филозофија совршено објаснува зошто симболот на бракот и верноста се носи на прстот веднаш до малиот прст на десната рака.Наместете ги дланките и прстите како на сликата погоре, сите прсти да се допираат со врвовите освен средните, кои ке ги свиткате навнатре и ќе се допираат со зглобовите, како на сликата. Секој од прстите симболизира некои личности од нашето семејство: палците се вашите родители, показалците се вашите браќа и сестри, средните прсти сте вие самите, малите прсти се вашите деца, додека пак прстите на кои се носи прстенот се вашиот животен сопатник.
Сега еден по еден ќе ги раздвојувате сите прсти освен средните. Тие ја претставуваат вашата личност, вашиот карактер. Значи ако вие ментално „пукнете“, се останато ќе се дестабилизира. Значи, следете ги следните чекори и притоа во никој случај не ги разделувајте средните прсти.

 
Разделете ги палците. Ова значи дека кога ќе дојде вистинското време, вие си заминувате од куќата на вашите родители да си ја барате среќата низ светот.
Разделете ги показалците. Како и вие, така и вашите браќа и сестри ќе се разделат од вашите родители и вас за да си трагаат по среќата.
Разделете ги малите прсти. Ова значи дека како и вие, така и вашите деца еден ден ќе заминат од вашиот дом да си ја бараат среќата по светот.
Останаа само прстите на кои ги носите прстените. Обидете се да ги разделите, без притоа да се разделат и средните прсти. Забележувате дека тоа е невозможно. Ова значи дека вашиот животен сопатник ќе е со вас додека сте живи. Кога сите се разделуваат следејќи си го патот до својата среќа, вашиот партенр/партнерка останува со вас без оглед на се. Нормално, доколку ментално не „пукнете“ (раздвојувањето на средните прсти). Наместете ги дланките и прстите како на сликата погоре, сите прсти да се допираат со врвовите освен средните, кои ке ги свиткате навнатре и ќе се д

Пронајдете не на следниве мрежи: