Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
- Столтенберг за нападот врз Фицо: Напад врз отворените општества и демократииГенералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг во разговор со словачкиот вицепремиер […]
- Откриена локацијата на пејзажот зад Мона Лиза?!Повеќе од 500 години откако славниот Леонардо да Винчи го насликал портретот […]
- СИРИЗА: Го осудуваме новото „провокативно“ прекршување на Договорот од ПреспаГрчката опозициска партија СИРИЗА, на чие чело некогаш беше Алексис Ципрас кој […]
- „Вреди“ ја повлече тужбата против решението на ДИК, Управен ја запре постапкатаЦелосната одлука со образложение на истата, како што посочуваат од Судот, ќе […]
- Воздухопловните сили на САД распоредија ловци Ф-22 во Јужна КорејаВоздухопловните сили на САД распоредија неколку стелт-ловци Ф-22 во Јужна Кореја, се […]
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.