Порталот Lideri.mk стапил во контакт со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои рекле дека можат да донесат леб во Скопје и по цена од 30 денари.
- Колку вештачката интелигенција ги почитува нашите човекови права?
- Луѓето родени под овие хороскопски знаци не знаат како да поставуваат граници во врската
- Мицкоски: Ќе го репреговараме договорот со „Бехтел и Енка“
- Путин: Трговскиот обрт на Русија со Кина постави нов рекорд од 240 милијарди долари
- Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за Избирачкото место 0511
„Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во Северна Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци“, велат тие.
Истовремено, тие се изненадени од реакцијата на пекарите во Северна Македонија кои поради замрзнувањето на цената од 33 денари ги оставија рафтовите на пазарот празни.
„Овој револт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на меѓународните пазари се намалуваат, а се намалија и цената на нафтата и енергијата. Сигурно нашите колеги ја злоупотребуваат положбата на пазарот.
Не знам како стојат законите кај вас, но ако се прави ваква злоупотреба на Косово, казните се многу строги“, велат пекарите со кои контактирале во Урошевац.
извор: almakos.com.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.