Анѓушев ќе се жалел што е на црна листа на САД

Во текот на мојот мандат во Владата на Република Македонија од 2017-2020 година работев со целосно почитување на сите закони и уставни одредби на државата, и во интерес на македонската економија и на демократските принципи на кои почива нашата земја.

Во Италија запленети кокаин вреден 100 милиони евра, уапсени пет лица
Италијанската полиција заплени пакувања со кокаин тешки 540 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 100 милиони евра, а пет лица се уапсени, јавува АНСА. Осомничените биле на рибарски чамец …
Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти ТВ БФМ. Пешакот бил …

Четири години по моето самоиницијативно повлекување од Владата, нема никаков судски процес за било кој сегмент од моето работење, од причини што за тоа нема никакви основи.

Јас вработувам 1000 луѓе во Македонија, и во периодот на мојот мандат моите фирми бележеа само пад и загуби, што е регистрирано и во државните финансиски служби.

Јас имам фирми во Велика Британија, Германија, Холандија и во САД, и сум американски даночен обврзник, односно јас плаќам данок во Соединетите Американски Држави и сум партнер и соработник со значајни економски субјекти и личности во САД.

Додека служев како вицепремиер во македонската Влада силно се залагав и работев за зачленување на земјата во НАТО, го поддржував зачленување во ЕУ, и ги поддржувам и сега сите активности кои се преземаат во тој правец.

Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департментот и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката и ќе ги искористам сите правни лекови наведени во самиот документ во правец на повлекување на оваа одлука, која ја сметам за непотребна во рамките на заложбите на нашите пријатели, Соединетите Американски Држави, за борба против корупцијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.