Бритни Спирс изгуби на суд: Пејачката останува под „ропство“ на нејзиниот татко!

Барањето на Бритни Спирс по 13 години да го лиши нејзиниот татко од функцијата старател беше одбиено
Судијката Бренда Пени, која го надгледува случајот Бритни Спирс, го одби барањето на пејачката да го отстрани нејзиниот татко Џејми Спирс како старател неколку дена откако пејачката јавно побара нејзино ослободување.
Имено, судијата, кој го водеше случајот пред Високиот суд во Лос Анџелес, во средата потпиша нова пресуда со која продолжува да му дава на таткото на пејачката Џејми Спирс контрола над нејзиниот живот.
Дополнителни детали за тоа зошто донела таква одлука, сè уште не се објавени, иако наскоро се очекува да биде поднесена нова петиција за ослободување на Бритни Спирс.
На 23 јуни оваа година, 39-годишната пејачка се најде на насловните страници низ целиот свет, откако конечно проговори по цели две години и побара да преземе контрола над нејзините финансии и живот, откако нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има старателство над неа и ги носи сите важни одлуки во нејзиниот живот.


Нејзиниот адвокат Сем Ингам се очекува да поднесе барање за отстранување на функцијата старателство на Џејми, а судијката Пени рече дека ќе остави простор во дневникот за сослушување каде старателството може да биде прекинато, но овој пат тоа не се случи.
Што рече Бритни на суд
Пред неколку дена, американската поп-sвезда Бритни Спирс сведочеше за прв пат на суд против нејзиниот татко Џејми Спирс, кој има целосно старателство и контрола над неа, цели 13 години.
Пејачката пред судот изјави дека нејзиниот татко целосно ја контролира и дека тој „го сака тоа“, нагласи дека поради тоа има трауми и дека сака да преземе контрола над својот живот.
,,Трауматизирана сум. Само сакам да си го вратам животот” – рече Бритни, меѓу другото, на суд, а пренесува „Би-Би-Си“.
Холивудската sвезда досега не сведочеше кога станува збор за старателството што нејзиниот татко го има над неа, но адвокатот ја застапуваше на суд. Сепак, адвокатот сега инсистираше таа лично да им ја каже својата страна на приказната пред институциите.
Пред сослушувањето пред судот се собраа обожавателите на пејачката од таканареченото движење # Ослободете ја Бритни, држејќи знаци со натпис „Ослободете ја Бритина сега!“ и „Излезете од животот на Бритни!“.
Доверливите судски документи до кои дојде „Њујорк Тајмс“ откриваат дека Бритни Спирс изразила сериозно спротивставување на функцијата старател што нејзиниот татко ја има над неа и сметала дека таа функција станала угнетувачка и контролна алатка против неа.
Бритни откри дека нејзиниот татко се мешал во сите нејзини прашања, како на пример со кого се забавува и дека тој не и дозволувал да ги обои кујнските ормани, затоа што рекол дека овој вид реновирање ќе биде многу скапо.
Да потсетиме, Џејми доби судска наредба во личните и деловните работи на неговата ќерка во 2008 година, откако Бритни беше хоспитализирана во ментална установа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.