Аko некогаш сте се запрашале дали пилотите спијат додека летаат, ние го имаме одговорот , а етиопскиот пилот и инструктор Теводос Соломон објави видео на Инстаграм во кое покажува како изгледа неговото место за спиење.
Во видеото кое собра 4,9 милиони прегледи, пилотот им покажа на гледачите како изгледа просторот зад пилотската кабина со ограничен пристап, која е опремена со две лежечки седишта. Камерата потоа се префрла на платформа со две тесни лежишта за спиење за кои многумина напишале дека се чувствуваат клаустрофобично.
- (Фото) Какво време не очекува во следните денови?Ќе биде значително потопло, но во попладневните часови наместа нестабилно […]
- Чави демантира проблеми со Барса и најавува дека останува тренер и идната сезонаПо информацијата дека тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Чави […]
- Избрана новата Влада на ХрватскаПо десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на […]
- Во Њујорк се отвора музеј на БенксиНајанонимниот уличен уметник во светот, Бенкси, е темата на новиот […]
- Рјабков: Русија нема доверба во НАТО!Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба […]
View this post on Instagram A post shared by Tewodros Solomon (@captain_tewodros)
„Жал ми е што го гледам ова“
„Зарем тоа не е премногу тесно?“, праша еден, а друг додаде: „Нечии рамења едвај се вклопуваат таму. Како е ова во ред за пилоти на должност?
„Жал ми е што го видов ова, сега не сакам повеќе да се качам во авионот“, коментира трет, а многумина биле шокирани од фактот што пилотите дури и спијат во авионот. Дали спијат? Отклучен нов страв“, „Зошто спијат во лет? Тие се платени да управуваат со авионот“ и „Ова ми ја зголемува анксиозноста“ се дел од коментарите.
Инаку, овие специјални кабини за спиење се достапни само на летови кои траат подолго од седум часа, а на долгите летови се присутни три до четири пилоти.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.