Викендов сончево со умерен ветер, од понеделник повисоки температури

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се движи од – 1 до 2 степени, а дневната од 3 до 13 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до – 1, а дневната ќе се искачи до 9 степени Целзиусови.
Од понеделник синоптичарите најавуваат уште потопло време со пораст на дневните температури за два до три степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.