Во коњското месо увезено во Франција откриен фенилбутазон

ма можност неколку коњски трупови за кои се утврдило дека се позитивни на лекот фенилбутазон,а се испратени од Велика Британија во Франција „влегле во прехранбениот синџир“, објавија во четвртокот британските власти, нагласувајќи дека лекот им се дава на коњите а може да биде штетен за здравјето на луѓето.Британскиот министер за земјоделство, Дејвид Хит изјавил дека Агенцијата за безбедност на храната (FSA) открила во месото испратено во Франција присутност на фенилбутазон, лек против болки на кој биле позитивни труповите на неколку коњи.Лекот во ретките случаи кај луѓето може да предизвика потешки проблеми во крвта, но не е откриен при тестирањето на производите на компанијата „Findus“ којашто е инволвирана во скандалот кој цела седмица ги потресува европските пазар.„Едно лице дневно бу требало да консумира 500 до 600 хамбургери од чисто коњско месо в текот ан подолг временски период за да тоа претставува опасност по здравјето на човекот“, појасни Сали Дејвис, претставничката задолжена за медицински прашања при британското министерство за здравство.На интернет страницата на британското министерство за здравство е нагласено дека фенилбутазонот не се шири толку бргу преку крвоносниот систем, како и дека е малку веројатно оти ќе се насобере во организмот.Агенцијата FSA соопшти дека во соработка со француските власти се обидува да пронајде од каде дошло ова коњско месо во кое е пронајден фенилбутазонот.Европскиот скандал со коњското месо подметнато наместо говедско, доби нова димензија со објавувањето на информациите за тоа дека потенцијално опасниот лек е пронајден во месо испратено во Франција.
Макфаксма можност неколку коњски трупови за кои се утврдило дека се позитивни на лекот фенилбутазон,а се испратени од В

Пронајдете не на следниве мрежи: