Во Хрватска натрупа половина метар снег

Откако во неделата снег покри делови од Словенија, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот, среде седмицата кога почнува месец мај половина метар снег падна и на северен Велебит, Хрватска.
– Повторно падна снег – соопшти Националниот парк Северен Велебит на својот “Фејсбук“ профил.
Од почетокот на седмицата забележана е нагла промена на времето, со пад на температурите и снег на планините. Снег падна и во Завижан, Платaк и Учкa.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK