Вонредна временска прогноза, се спрема силно невреме

Претпладнето времето во Македонија беше сончево со мала до умерена облачност, а од пладне на места облачноста ќе се зголеми и ќе има појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, можна е изолирана појава на град и тоа претежно на југот од земјата. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе се движи од 14 до 20 степени, а во Скопје ќе достигне до 17 степени Целзиусови.
Утре и во четврток времето ќе биде нестабилно, со локален пороен дожд во попладневните часови, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно сончево и потопло време. Утринските температури на некои места ќе се спуштат и до минус 1 степен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.