Вработени на патарина со симптоми на коронавирус: Едните пратени дома, другите оставени без никаква заштита

Коронавирусот изгледа не ги заобиколи ни вработените на македонските патарини. Цел месец не им се донесени дезинфекциски средства, маски и ракавици, па за да се заштитат треба сами да си купуваат.
Неколку вработени се пожалиле на симптоми на коронавирус – висока температура, треска и губење на вкусот. Откако ги информирале претпоставените, само тие со симптоми биле испратени да останат дома.


Другите мора да одат на работа иако биле во контакт со оние кои веќе имаат симптоми.
Во моментот кога зборувавме со нив, дел од нив веќе беа тестиирани, но резултатите не беа готови. Дали се позитивни на коронавирус се уште не е познато.
Останатите со страв одат на работа. Велат се чувствуваат премногу изложени на опасност од зараза бидејќи никако не се заштитени.
Раководството, сепак, наредува вработените да бидат заштитени иако не им ја обезбедува потребната заштита.
Еден вработен со кој разговаравме бил и казнет бидејќи на работа дошол без ракавици и средство очекувајќи истите да им бидат службено обезбедени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.