Да му помогнеме на Борјан да има среќно детство

Да помогнеме за подобри детски денови на Борјан

Борјан Гигов на 19 мај ќе наполни 7 години. Ова детенце има повеќе дијагнози: аутизам, алалија, комбинирани пречки во развојот…но одобрен му е оперативаен третман во Германија со матични клетки. Мајката и таткото на Борјан, Ане и Трајче апелираат дека им се потребни 23.000 eвра за третманот на Борјан.
– За Борјан да може да ги надмине сите потешкотии, да може да тргне во школо, да може да следи настава како сите деца, да може на тато и на мама да им каже колку ги сака…, стои во апелот на родителите за помош на седумгодишниот Борјан.

Отворени се донациски броеви на Телеком 143 177 и на ВИП 143 471.
Родителите бараат помош од хуманите луѓе за побрзо да се соберат средствата. До сега собрале 9.200 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK