Денеска се очекуваат нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика се очекува денеска да донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Откако законските измени за намалување на ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари поминаа во Собранието, цените на нафтените деривати во саботата се намалија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 9,00 денари/литар.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)
Инаку, вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е пад од 3,55 отсто. Истовремено, на американскиот пазар барелот се тргува по речиси четири отсто пониска цена, односно 105 долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.