Денеска сончево и многу топло- наскоро опаѓање на температурата и целосен пресврт на времето

Времето во земјава ќе биде претежно сончево со слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 30 степени.
Во среда ќе има појава на умерена облачост. Во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.