Детали за несреќата кај „Сити мол“: Има уште една жртва, повредено момче е пренесено во болница

Уште една жртва е тешко повредена во страотната несреќа на крстосницата пред „Сити Мол“ вечерва, во која возач на автомобил усмрти 24-годишна девојка на пешачки премин.
Повредено е уште едно момче-врсник на загинатата девојка, а и двајцата се од Радовиш.
„На 20.01.2022 год. во 19.44 час. пријавено е дека на улицата Московска со бул.Партизански Одреди се случила сообраќајна незгода во која ПМВ Цитроен управувано од Ј. Ѓ. (1999) од Скопје удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ 8-ми Септември и В.Н. (1997) од Радовиш која починала на лице место“, соопштија од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.