Донесена е одлука: Полициски час од 23:00, измени во работното време на угостителските објекти

Владата на денешната седница донесе одлука со која времетраењето на полицискиот час ќе се скрати.
Од утре, наместо од 21 часот, полицискиот час ќе започнува од 23 часот, додека пак угостителските објекти ќе работат до 22:30 часот.
Ваквата одлука доаѓа откако вчера Кризниот штаб на состанок разгледа предлози пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предложи да се усвојат нови рестриктивни мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.