ДУЊА, или сидониска круша

Есенскиот дар на пазарите – дуњата е единствениот вид од родот Cydonia oblonga кој успева во Азија и Европа, а дрвото може да достигне височина од 4 до 6 метри. Цветовите имаат розово-бела боја, а плодовите кои зреат во есен се со прекрасна жолта боја, вкусот им е единствен и не потсетува на ниту една друга овошка, и може да се консумира како зрело овошје, или за подготовка на слатка и мармалади

Во Европа дуњата е донесена од југозападна Азија, од дамнина се сметала за знак на плодност, а во домовите се чувала за да донесе љубов и среќа.
Иако за наш вкус можеби звучи необично, но дуњите одлично одат со печено месо-пилешко, јунешко, и месо од патка и дивеч.
Дуњата содржи минимална количина на калории и масти, а богата е со протеини, јагленохидрати, диететски влакна, пектин и танини.

Најмногу содржи витамин Ц, каротен, витамин Б1 и Б2 и нијацин. Исто така дуњата е богата и со калиум, калциум, бакар, магнезиум, железо, натриум, сулфор и хлор. За организмот да ја почувствува благодета на сите овие витамини најдобро е плодовите со слатко-киселкаст вкус кој ја собира устата да ги консумирате свежи.
Лековити се листовите, плодот и семките на ова овошје. Чајот од цветови на дуња смирува кашлица, чајот од семки отстранува несоница и лош здив, ја хидрира и подмладува кожата, а печената дуња смирува воспаление на слузокожата на желудникот.
Исто така од дуњите можат да се подготвуаат превкусни слатка и мармалади, а и самото име мармалад потекнува од потругалскиот збор “мармело“ што значи дуња.
Сирење од дуњи
Французите со векови наназад го подготвуваат овој специјалитет, кој  е моќен извор на енергија и го подобрува варењето, а единствено не се препорачува за дијабетичари и лица со прекумерна тежина.

3 кг дуњи
1 ½ кг шеќер
250 г шеќер во прав
Нелупените дуњи варете ги додека омекнат, изладете ги, исечете ги на парчиња и малку изгмечете ги. Додадете го шеќерот и на тивок оган варете уште 45 минути. Нанесете ја смесата во тава, изладете и наросете со шеќерот во прав. Чувајте го сирењето од дуњи на темно и ладно место.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.