Од Обвинителството на Бугарија на денешната прес-конференција истакнаа дека во автобусот се пронајдени тела на 44 жртви од автобуската несреќа откако се запали македонски автобус на автопатот „Струма“.
Сијка Милева истакнаа дека при посетата на преживеаните во болница разговарале со дел од нив.
Патникот кој го скршил прозорецот за да се спасат изјавил и бил дециден дека се спасиле осум лица кои биле во автобусот. На констатацијата на истражителите дека во болница се хоспитализирани седум, а не осум лица и дека толку се спасени, патникот децидно тврдел дека од автобусот излегле осум лица.
Бидејќи во автобусот биле пронајдени 44 тела, нејасно е што се случило и каде се наоѓа уште едно лице. Несовпаѓање има и во листата на патници.
Ќе се испитуваат повеќе сценарија за оваа ситуација, меѓу кои и дали на паузата која била направена 20-тина минути пред несреќата, дошло до промена кај патниците со некакво префрлање во автобусите.
Можно е тој да ја напуштил границата со друго возило, друг автобус, а тоа треба да се провери.