И децата патат од анксиозност, а овие симптоми родителите треба да ги препознаат кај нив и да реагираат на време

Анксиозноста е ирационален страв или стравување од некој потенцијален настан или ситуација, а често се појавува и кај децата.

Мадура Висвесвран, коосновач на училиштето „Redwood Montessori“ напомнува дека важно е родителите да го препознаат стравот на своето дете.

Игнорирањето на стравот може да доведе до сериозни ментални проблеми во подоцнежниот период.

Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи
Иранскиот заменик-претседател за извршни работи Мохсен Мансури изјави дека двајца патници од хеликоптерот со кој патуваше претседaтeлот Ебрахим Раиси, комуницирале со спасувачките сили.Мансури истакна дека тоа значи оти несреќата најверојатно била …
Сопствениците на iPhone пријавуваат враќање на избришани фајлови по iOS ажурирањето
Некои сопственици на iPhone известуваат дека по ажурирањето на нивните телефони на iOS 17.5, избришаните фотографии, вклучително и прилично стари фајлови, повторно се појавуваат во нивните телефони. Корисниците …

„Разговарајте со своето дете за неговите стравови. Нежно охрабрувајте го и поддржувајте го своето дете да се соочи со ситуациите поради кои е загрижено“, напишала таа во објавата која ја споделила на Инстаграм и додала:

„Избегнувајте да го критикувате своето дете поради стравот“.

Како изгледаат симптомите на анксиозност кај децата?
Кај децата треба да обрнете внимание на нивните изјави, како на пример:

  • Не сакам да одам на училиште.
  • Можеш ли да останеш со мене?
  • Остави ме на мир!
  • Те мразам!
  • Не сакам да го правам тоа.
  • Ме боли стомак.
  • Никој не сака да игра со мене.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.