До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција (Државен инспекторат) истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, соопшти Левица и нагласува дека е опасен милкот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно понижување на државните симболи!
- Лидерите на „ВЛЕН“ на средба со Албин КуртиКосовскиот премиер Албин Курти вчера беше домаќин на лидерите на коалицијата […]
- Герапетритис: Граѓаните на Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со ГрцијаПо низата предупредувачки пораки од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис до новата […]
- Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по РаисиТројца спасувачи кои трагаа по соборениот хеликоптер исчезнаа, изјави портпаролот на […]
- Том Круз не сака да ја види својата ќерка повеќе од 10 години, таа сега се откажа од неговото презимеОд 2013 година, Том Круз не сака да ја види својата […]
- Аеродром кој не изгубил ниту еден патнички куфер за 30 години откако е отворенСедмиот најфреквентен аеродром во Јапонија откри дека не изгубил ниту една […]
Односно, Законот за употреба на знамињата на заедниците во Република Македонија, децидно предвидува дека при истакнување на знамето на другите етнички заедници на плоштади и други јавни места, мора да биде истакнато и знамето на Република Македонија. Истакнувањето само на албанското знаме, освен што ги подгрева меѓуетничките тензии, претставува грубо прекршување на Уставот и на горенаведените закони.
Опасен е молкот на ДПМНЕ пред континуираниот иредентизам на нивниот коалиционен партнер Касами, со кој го сочинуваат мнозинството во Советот на општина Тетово. Јавно прашуваме дали ДПМНЕ го толерира анти-македонизмот на Касами заради секретарското место во општината и директорите на јавните претпријатија, кои ги добија ДПМНЕ заради поддршката на Касами?!
Левица алармира дека целото делување на Касами претставува опасен удар кон унитарноста на Републиката, што се надоврзува на неговата изјава дека Македонија ќе стане трета албанска држава“, се вели во соопштението на Левица.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.