Како да го забрзате метаболизмот без оглед на годините?

Меѓутоа, постојат начини да го забрзаме и да го подготвиме за согорување на масните наслаги, без оглед на годините.
Ова се препораките на експертите:
Вежбајте пред појадок
Ако тренирате пред појадок, полеско ќе се разбудите, но и ќе го потикнете метаболизмот. Тоа е оптимален начин за согорување на маснотиите, со оглед дека во текот на ноќта вашиот организам бил во состојба на гладување. Доволно е да прошетате половина час пред да го земете првиот оброк.
Појадувајте кога сте гладни
Многумина мислат дека е најдобро да се јаде веднаш по будењето, но секако треба да го слушате својот организам. Студиите покажале дека одложувањето на појадокот може позитивно да влијае на многу гени кои го регулираат метаболизмот.


Јадете зеленчук за појадок
Во зависност од тоа што ќе изберете да јадете, зависи и нивото на шеќер во крвта, како и способноста за согорување на калориите во следниот избор на оброкот. Салата со некоја намирница добра со протеини е далеку подобра од изборот на пецива, односно рафинирани јаглехидрати, кои само прават нагло покачување, а потоа и пад на нивото на шеќер во крвта. Јадете јајца, сланина, младо сирење и слични намирници со спанаќ или друг вид лиснат и сезонски зеленчук со дадаток на здрави маснотии, како маслиновото масло.
Правете простор од пет часа измеѓу оброците
Пет часа за многумина изгледаат како вечност измеѓу два оброка, но тоа е единствениот начин вашето тело да ги согори маснотиите, пре да внесете уште храна. Ако постојано нешто грицкате, вашето тело ќе го согорува она што го внесувате, наместо да се посвети на трошењето на масните наслаги.
Вечерата нека ви биде најмалиот оброк
Најмногу храна е потребна за текот на денот, кога сте активни. Навечер кога организмот полека се подготвува да потоне во сон, треба да ги намалите оброците и да ја искористите шансата да го одморите системот органи за варење. Изберете квалитетни протеини како месо од риба и друго месо со помалку маснотии, здрави маснотии и зеленчук. Избегнувајте да се прејадувате, бидејќи повеќето луѓе тоа го прават по напорен работен ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.