Како палавите девојчиња прераснаа во млади госпоѓици

Направете ретроспектива на настаните, и вратете се неколку години наназад. Сетете се на ноќниот живот тогаш, и споредете го со сегашниот. Неспоредливо е, нели? Се прашувате ли како за само неколку години, настаните успеаа да заземат сосема различен тек?
Главната причина за таа драстична промена сте вие самите. Погледнете се во огледало, и споредете се себеси сега, со тоа како сте изгледале пред неколку години. Повторно неспоредливо.
Тогаш бевте 18 годишна девојка, немавте предрасуди за ништо, ниту за тоа дали фустанчето ви било премногу кратко, или шминката пренападна, косата пренатапирана… Едноставно, мислевте дека „светот е ваш“, а вие главна улога во него. Единствено ви беше важно да излезете со друштво, или со другарки, да се забавувате, и буквално да „откачите“. Тогаш имавте и поголем број на додворувачи, иако изгледавте неприфатливо за вашиот сегашен вкус и стил. Но енергијата ви беше поинаква, бевте палава, млада весела девојка која танцува, и е задоволна со својот живот, уживајки во благодетите на младоста.

Сега, работите се многу понакви. Во меѓувреме се изградивте како личност, го завршивте образованието и се вработивте. Станавте девојка за пример. Низ тој процес на трансформација и созревање, минавте низ многу искушенија и се здобивте со многу искуства. Сега сте и помудри. А, за изгледот и нема потреба да се коментира, станавте стилски икони, внимавате на сите нови трендови, и го избравте најдобриот за себе. Но не сте повеќе онаа опуштена и палава девојка, сега станавте отмена госпоѓица , на која секој потег и е одмерен. А со тоа ја изгубивте спонтаноста. Премногу се грижите за околината околу себе. Не се забавувате како порано. И бројот на додворувачи ви се намали. Излегувате во град, без некој голем ентузијазам.

Се наметнува прашањето, кој период од животот ви бил поубав? Дали како палава млада девојка или како отмена госпоѓица?
Одговорот е индивидуален, неможе да се генерализира, секој период од животот си носи своја убавина, ако тогаш се забавувавте до бесвест, сега негувате други вредности. Повеќе ве исполнува да бидете забележани како квалитетна девојка во општеството, внимавате на себе и на тоа каков впечаток ќе оставите во секакво друштво. А, тоа ниво на интелегенција, стил и мудрост единствено можевте да го постигнете, одкако ќе го искусите се она што предходно го споменав, а го носи младоста и палавоста.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Направете ретроспектива на настаните, и вратете се неколку години наназад. Сетете се на ноќниот живот тогаш, и спореде

Пронајдете не на следниве мрежи: