Комбе прегази пешак во Струмица

Во кругот на индустриската зона во Струмица вчера во 10:45 часот товарно возило “Мерцедес спринтер“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.А. (40) од Прилеп, удрило во пешакот Н.Д. (69) од Струмица. Од здобиените повреди Н.Д. починал на лице место.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.