Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето?

Се уште е свеж скандалот со фатениот соработник на Мицкоски од Пештани со кокаин е веќе пукна нов скандал.

Погледнете ја оваа фотографија.

Христијан Мицкоски седи на иста маса со лице од Грчец уапсен за трговија со 32 килограми дрога, во полициска акција со која е пресечен меѓународен канал за шверц на дрога.

Ужас во Франција: Ги yбил своето семејство — сопругата и двете деца на возраст од една и пет години
Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност и кој одел на работа, забележал маж вооружен со нож како напаѓа минувач на улицата, соопшти …
Ердоган предлага да се формира сојуз на исламските држави против Изpаел – Тие му порачаа да се засрами
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека исламските земји треба да формираат сојуз против, како што рече, „растечката закана од експанзионизам“ од Израел.Тој го изјави ова …

Акцијата на полицијата е од 3-ти декември а токму со возилото на лицето од Грчец со кое седи Мицкоски на иста маса била превезувана дрогата вредна 120.000 евра.

Што бара Мицкоски на иста маса со лица од подземјето?

Радикали, дилери, лица фатени со кокаин, со такви луѓе е опкружен Мицкоски.

Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски беше фатен со кокаин.

Радикали и извршители на грозни злосторства како Палевски, ете тоа се луѓето кои се блиски до ДПМНЕ и Мицкоки.

А Мицкоски се среќавал со Палевски. И молчи со денови за тоа што разговарале .

Со какви луѓе е опкружен Мицкоски кажува за тоа каков е.

Прашање е дали Мицкоски е претседател на политичка партија или на некоја подземна организација?

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.