Левица: Шукова и Касами да одговараат како издале Б еколошка дозвола за изгорениот магацин во Тетово

Изгорениот магацин во тетовско Фалише предизвика огромна еколошка катастрофа и аерозагадување, а локалните жители, освен во димот и загадувањето, останаа заробени и во апсурдот на неспособноста и неможноста на владејачката елита да го измери степенот на загадување. Bo големиот пожар што избувна во магацин на фирмата „Евроком“ изгореа 100 тони пластика, бои и лакови.

(Видео) Претседател на грчка партија од собраниската говорница го искина Договорот од Преспа
Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова, рече лидерот на десничарско-националистичка партија Грчко решение Кирјакос Велопулос од говорницата …
Претседател на грчка партија го искина Договорот од Преспа, ВМРО-ДПМНЕ ја нарече „фашистичка и нацистичка партија“
„Ова е Договорот од Преспа. Ако постоеше кредибилна, национална, патриотска, општествена, народна грчка Влада ќе го стореше ова“, рече лидерот на десничарско-националистичка партија „Грчко решение“ – Кирјакос Велопулос, од …

Вработени од Министерството за животна средина излегоа на терен само за да констатираaт дека е ,,евидентно загадувањето на воздухот“, но дека тоа не може да се измери, бидејќи НЕМА Државна лабораторија co акредитирана метода. Односно, Државниот автоматски мониторинг мерел само загадување од испарливи неоргански материи.

Министерката за животна средина, Каја ШУКОВА и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов дадоа само препораки да не се излегува од дома и прозорците да бидат затворени, додека Тетово и околината со денови беа алармантно загадени, а неколку пожарникари беа и полесно повредени при гаснењето на огнената стихија.

Левица ИТНО бара одговори од градоначалникот на Тетово – Билал Касами, Министерството за животна средина и од Државниот еколошки инспекторат да се произнесат под кои услови дозволиле и издале Б интегрирана еколошка дозвола и Елаборат за заштита на животната средина за складирање толку голема количина на лесно запаливи и токсични материи, без соодветен безбедносен проект од евентуални хаварии и без задоволителен противпожарен безбедносен систем.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.