Легендарнoто лого на Motorola полни 63 години

Дизајнот на т.н. batwings е разработен од Morton Goldsholl Design Associates

Легендарното лого на Motorola денес го одбележува својот 63-ти роденден. На 19 јуни 1955 год. е официјално претставено пред публиката во Чикаго, а од следната година се појавува на сите производи на американската компанија која го создаде првиот мобилен телефон.

Дизајнот на т.н. batwings е разработен од Morton Goldsholl Design Associates – едно од водечките графички студиа во Чикаго во 50-тите години на минатиот век.

Создавањето на логото е намерна одлука на менаџментот, откако брендот неколкукратно го променил својот стил од првото појавување на пазарот во 1928 година.

“Електрониката е нешто сосема ново кое му припаѓа на утрешниот ден. Во оваа област нема воспоставени традиции, затоа сакаме симбол кој ќе ја претстави оваа филозофија”, изјавил потпретседателот на Motorola во тоа време, Едвард Тејлор. Благодарение на неговото предвидување компанијата прерасна во технолошкиот гигант кој сите добро го познаваме.

Низ годините логото поминува низ бројни варијации, следејќи ја визијата на различни кампањи на Motorola, но го задржа својот стил се до денес – две крила, кои го формираат легендарното “М”.

Од своето создавање па се до денес логото учествува во голем број на престижни светски рангирања за корпоративно распознавање и е на 22-та позиција во листата на 100-те најпознати логоа на сите времиња.

Зачуваниот бренд е на сите производи на компанијата, исполнувајќи ја идејата и целта која Motorola продолжува да ја следи – да им ја обезбеди на клиентите технологијата на утрешниот ден уште денес.

Пронајдете не на следниве мрежи: