Франција е солидарна со Израел во борбата против тероризмот, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на средбата со неговиот израелски колега Исак Херцог во Ерусалим.
„Тоа што се случи никогаш нема да се заборави. Овде сум да ја изразам нашата солидарност“, рече Макрон, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел во кој милитантната група уби повеќе од 1.400 луѓе, пренесува Ројтерс.
- (Видео) Првата изјава на Венко Филипче како нов претседател на СДСМ
- Филипче: Сега е време за обнова, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува
- Марин Ле Пен: Кампот на Макрон речиси целосно уништен
- ЦИК: Венко Филипче е избран за претседател на СДСМ
- Калињак: Фицо набрзо ќе се врати на работа
- Мачиња со свиткана опашка: За ДПМНЕ не е соодветно да ја коментира изјавата на Агелер оти нема одново преговори за Преспа, ниту за Бугарија
- Сали Бериша: Пописот во Албанија со 2,4 милиони население е чиста манипулација, во земјата нема повеќе од 1,4 милиони жители
- Демократите ги отфрлија сите сомнежи: Бајден останува во трката со Трамп
- Се сеќавате ли на Мехо, најстариот Југословен со 132 години? Јадел само 3 јадења, му се појавиле 3-ти заби, ова го пиел наместо вода (фото)
Израел не сака да води војна со милитантите на Хезболах на својата северна граница, туку наместо тоа е фокусиран на борбата против Хамас во Појасот Газа, изјави израелскиот претседател Исак Херцог на денешната средба со Макрон, пренесува Танјуг.
„Сакам да разјаснам дека не бараме конфронтација на нашата северна граница, ниту со некој друг. Но, ако Хезболах не вовлече во војна, треба да биде јасно дека Либан ќе ја плати цената за тоа“, рече Херцог, пренесува Тајмс оф Израел.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.