Макрон: „Франција мора да биде независна нуклеарна сила“

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави вчера дека воената стратегија на Франција до крајот на деценијата мора да се фокусира на зајакнување на земјата како независна, почитувана нуклеарна сила.

Европа повеќе не е заштитена од ракети и беспилотни летала. И ние мора да ја прифатиме оваа реалност – рече Макрон, говорејќи на носачот на хеликоптери Диксмуд, закотвен во медитеранската воена база Тулон, каде има повеќе од 24.000 француски војници.

Макрон: „Франција мора да биде независна нуклеарна сила“

Претставувајќи го националниот стратешки план на Франција, кој треба да дефинира како ќе изгледа одбраната на земјата во 2030 година, Макрон рече дека руската агресија против Украина може да претходи на пошироките геополитички ривалства и иднината.

– Франција сака да биде независна, почитувана, агилна сила во срцето на Европа со силни врски со НАТО алијансата – рече Макрон.

Макрон денеска треба да ја обиколи најновата француска нуклеарна подморница, „Суфрен“, пред да се сретне со членовите на француската морнарица подоцна во текот на денот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.