Милиброд со желе, локум и суво грозје

Идеја за десерт за велигденската трпеза.
Потребни состојки:
150 мл вода
150 мл млеко
150 мл јогурт
2 јајца
1 квасец
150 г шеќер
Околу 1 кг брашно
Локум, желе, суво грозје, чоколадо, крем
Начин на подготовка:
Измешајте ги прво течните состојки со квасецот па додадете ги сувите. Замесете меко тесто и поделете го на 4 дела. Оставете го тестото да се удвои.
Секое топче го сукате посебно за посебен милиброд, значи излегуваат 4 милиброди. Исукајте кора и ставете сечкан локум, желе и суво грозје или чоколадо и крем. Завиткајте ја кората како на видеото и малку издолжете ја и развлечете ја. Пресечете ја на пола и затворете ги краевите и сплетете како плетенка. Ставете ги секое во посебен дел на хартија за печење. Оставете ги повторно да нараснат и премачкајте ги со јајце и шеќер.
Печете ги во загреана рерна на 140-150 степени околу 30-40 минути и оставете ги целосно да се изладат, па исечете ги.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.