Милошоски му благодари на Макрон за искреноста

Францускиот претседател Емануел Макрон, за разлика од сите други високи политичири, кои во теков на месецов ја посетија Македонија или на било каков начин побараа да се гласа на Реферндумот делуваше „многу искрено“ кога во еден момент напомена дека името треба да се промени во Северна Македонија. 
Откако преку видео-обраќање Макрон директно и порача на македонската јавност да го промени името на својата држава во Северна Македонија и на 30 септември да излезе да гласа, пратеникот Антонио Милошоски побра од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров да го следат неговиот пример и да бидат конкретни.
На својот фејсбук-профил Милошоски напиша: „Му благодарам на искрениот француски претседател Макрон, што во видео-порака се обрати за референдумот. Тој имаше доблест да го каже она што го лажат Заев и Димитров, велејќи.
– Референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)! Референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека „Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)! Референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев).

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.