Мурињо: Загуби подобриот тим

Реал Мадрид со победата над Манчестер Јунајтед од 2:1, избори пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.Сепак, во наредните денови во центарот на вниманието ќе биде турскиот судија Цунејт Чакир, кој во 56.минута на Нани му покажа директен црвен картон.До тој монент Манчестер имаше предност од 1:0, а Реал предноста од играч повеќе ја материјализираше во 66. и 69.минута кога Модриќ и Роналдо го совладаа Де Хеа.Тренерот на Реал Жозе Мурињо, искрено признал дека загубил подобриот тим.„Без оглед на одлуката загуби подобриот тим. Не ја заслуживме победата, но таков е фудбалот. Не сакам да ја коментирам одлуката на судијата, дали е исправна или не, бидејќи не сум сигурен што точно се случи. Но загуби подобриот тим“, рекол Мурињо.
МакфаксРеал Мадрид со победата над Манчестер Јунајтед од 2:1, избори пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи: