Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, не го дозволи концертот на Александра Пријовиќ кој требаше да се одржи во Задар.
Концертот требаше да се одржи во мај во салата Крешимир Ќосиќ, но Дукиќ експресно одби да ја пушти српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не беше закажан или најавен.
- „Институтот Алексис Ципрас“ и „Фондацијата Зоран Заев“ ќе организираат меѓународна конференција за Мир и одржлив развојПо повод шест годишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, „Институтот Алексис Ципрас“ […]
- Детали за атентатот на Роберт Фицо: Влезе во толпата и потоа се слушнаа неколку истрели, напаѓачот е уапсен! (фото/видео)Словачкиот премиер Роберт Фицо беше ранет во пукање по состанокот на владата.Според медиумите, премиерот Роберт […]
- Палевски денеска ќе биде донесен во Македонија!Првообвинетиот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо […]
- ,,Чував стока и одев на училиште!” Миле Китиќ за тешкото воспитување и семејство: Брат му беше сè, живеевме во барака… (фото)Миле Китиќ потекнува од едно село во Босна, каде што и покрај скромното детство […]
- Украинскиот претседател Зеленски ја призна предизвикувачката ситуација на бојното поле– Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес призна дека ситуацијата на бојното поле е […]
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Дукиќ ги одбил организаторите на концертот и го оправдал со тврдењето дека во салата Крешимир Ќосиќ „нема слободни термини“.
Градоначалникот на Задар не одговори на прашањата на Индекс, а не одговори ниту раководството на салата.
За концертот на Александра Пријовиќ во Задар почна да се зборува на крајот на минатата година, откако пејачката резервира и наполни пет Арени во Загреб. Задарски лист тогаш напиша дека има интерес за концертот на српската ѕвезда и дека се планира тој да се одржи во 2024 година.
Изгледа дека не се точни тврдењата на градоначалникот дека Вишњик е пребукиран, пишува гореспоменатиот медиум.
На веб-страницата на спортскиот центар Вишњик велат дека од март до мај тековната година ќе се одржат три естрадни концерти а со тоа ги најавија и концертите на Северина, Јелена Розга и групата Господар на танцот.
Потсетуваме, градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, го откажа концертот на кој на 25 март требаше да настапат Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ. Имено, концертот го организирала организацијата „Хилјадарка“, која, како што се наведува, веќе го договорила издавањето на салата во закуп, но сепак градоначалникот решил сè да откаже.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.