Намирници кои онколозите никогаш не ги јадат: Ако сакате добро здравје, намалете ја нивната консумација

Рецептот за совршено здравје не постои, но храната може да помогне да се чувствуваме подобро и да го намалиме ризикот од разни заболувања.
Неколку онколози споделиле како изгледа нивната исхрана и кои намирници засекогаш ги исфрлиле од исхраната, но и кои ги препорачуваат.
Белиот леб и преработените производи од месо се обично полни со адитиви и не се добра опција. Исто така не е пожелна ниту брзата храна, ако сакате здравјето да ви биде на високо ниво.
Д-р Роберт Ла Порте, онколог од Денвер, вели дека не јаде многу процесирано месо и избегнува тестенини. Ретко јаде колачи бидејќи се полни со шеќер.
„Клучот за правилната исхрана е избегнување на секојдневните искушенија“, вели професорот Марк Морис од Лос Анџелес.


Исфрлањето на масните и слатки закуски е клучно. Тие се полни со лоши масти, шеќери, но и адитиви, а сите тие заедно лошо влијаат на организмот. Ако имате напади на глад, направете го тоа што Морис го прави – изедете малку туна. Таа е полна со витамини и минерали, а брзо ќе ве засити.
„Црвеното месо треба да се намали и да се јаде многу ретко, додека прженото е потполно забрането. Тоа воопшто не е здраво“, нагласува д-р Чарлс Кас.
Кои намирници се наоѓаат на листата на пожелни намирници? Еве која храна ја препорачуваат онколозите:
„Внимавам на внесот на протеини и витамини, па се трудам секој ден да изедам до 5 овошја или некој зеленчук, верувам дека свежите намирници се одличен начин за превенција од разни болести“, вели д-р Џордан Берлин.
Онколозите препорачуваат и зголемен внес на риба бидејќи содржи омега-3 масни киселини кои се докажано добри за срцето, цревата и крвниот систем.
Д-р Мајк додава и дека е добро да се јадат многу јаткасти плодови поради содржината на влакна, омега-3 масни киселини и добри маснотии. Добар избор е и говедското месо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.