Не ги убивајте животните

И покрај вработените, волонтерите, едукативните табли со забрана за хранење и целата кампања, поголемиот дел од посетителите продолжува со несовесно однесување.
-Ве молиме однесувајте се кон животните со љубов и не давајте никаква храна, повторно апелираат од Зоолошката градина во Скопје.
Секое животно си има своја табличка за исхрана, а има и храна на кое е алергично и не смее никако да ја внесува.
-Можеби на вас тоа ви е забавно, но е опасно по здравјето на нашите животни. Нивното здравје и благосостојба ни се на прво место и повеќе нема да толерираме несовесно однесување, додаваат тие.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.