Нема да верувате во што е заљубена оваа жена и што планира

Германка тврди дека е во врска со патнички авион кој се вика „Schatz“ (слатко), и кој, како што вели, го запознала пред пет години на аеродром.
Мишел Кобке вели дека на прв поглед се заљубила во Boeing 737 800, а прво ја привлекле неговите крилја. Открила и дека нејзиното семејство кога дознало за љубовта што ја гаи кон авионот, реагирало нормално.
Кобке секоја вечер спие со авионот, односно со 1,6 метарска макета од авион или една од нејзините компоненти, пишува Дејли Стар.

Schatz го запознала на берлинскиот аеродром во Тегел, а сега сака да се венча со него. Го опишала како своја прва љубов и рекла дека тоа е најубавата врска.
Вели дека на почетокот излегувала со момчиња, но дека „не почувствувала љубов сè додека не го запознала Schatz“.
Но врската на далечина тешко ја прифаќа, со оглед на тоа дека Schatz лета околу светот. На бројните критики и коментари од хејтерите кои ги добива, само одговара „дека никогаш не била посреќна“.
„Последен пат бев во врска со маж во 2011-та година, но во неа немаше љубов.
„Schatz е мојата прва љубов. Најубавата врска која можете да ја замислите.“
„Мојот прв лет беше во ноември, 2013-та година и тогаш се заљубив во авиони. Се возбудувам секој пат кога гледам фотографии и снимки од авионот.“


„Во март 2014-та година бев на аеродромот Berlin Tegel и тогаш дојде 737-800 и уште оттогаш сум заљубена во него.“
Објектофилија е облик на сексуалност насочена кон одредени мртви предмети.
Луѓето со тие претпочитања можат да имаат силни чувства на привлечност, љубов и поврзаност со одредени предмети или структури на кои се фиксираат.
„Интимноста е дел од нашата врска. Сакам да се венчам за својата љубов и да живеам со него во хангар. Тоа е посебен начин на љубов која никому не му штети“, заклучила Мишел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.