Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.
- Ни секој петти во Македонија нема каде да се засолни во случај на напад врз државата?!Само 18 проценти од македонското население ќе има каде да се засолни во случај на оружен напад врз државата, прецизираат од Дирекцијата за- прочитај повеќе
- Кина ни ги укина визитеКина најави дека ќе го прошири безвизниот режим на уште девет земји, чиишто државјани ќе можат да престојуваат во земјата без виза до- прочитај повеќе
- Орбан го кани Нетанјаху: Дојдете во Унгарија, гарантирам дека нема да Ве уапсимеУнгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека ќе гарантира дека налогот- прочитај повеќе
- ДЕНЕСКА СВ. АПОСТОЛИ ОД 70-ТЕ: Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј духовно војуваа, победија и зедоа венци на невенлива славаДенеска е 10 ноември според стар стил и се слават Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј. Сите беа од Седумдесетте апостоли.- прочитај повеќе
- КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и ТерцијСпоред календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 ноември. Денеска е Св. апостоли Олимп, Родион, Ераст, Кварт, Сосипатер и Терциј. Сите беа- прочитај повеќе
Второпријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.
Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.
Нагласи дека како синдикат во јавноста веќе две-три години зборуваат дека во последните неколку години во времето на владеење на поранешниот министер за внатрешни работи незаконски се издадени преку 25 илјади решенија.
Станува збор за преку 25 илјади решенија за распоредување од чие изготвување според официјалната пресметката е сторена штета на буџетот на МВР од преку 25 милиони евра. Се надевам дека ОЈО ќе има сериозна работа пред себе, сериозен предизвик и дека сета оваа работа вклучително и денешнава ќе излезе пред јавноста за многу брзо време, посочи Коцевски.
Од почетокот на годината синдикатот има поднесено повеќе кривични пријави против поранешниот министер, кој функцијата ја извршуваше долги години.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.