Облачно време со повремен дожд

Претежно облачно, со повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 10 степени, а дневните од 8 до 15 степени.
Во Скопје слично време со максимална дневна температура до 10 степени.
Метеоролозите за утре најавуваат претпладне облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец, попладне облачноста ќе се намалува.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.